Како што и претходно беше најавено, во Женева ќе биде претствен „Škoda Vision C Concept“, a денеска се објавени првите компјутерски слики од автомобилот кој припаѓа во категоријата на т.н. „купе возила со четири врати“, која е популаризирана од страна на моделите „Мercedes CLS“ и „Аudi А5 Ѕportback“.
На цртежите можеме да забележиме интересни магленки кои потсетуваат на заби од вампир, а слични линии може да се најдат и на атрактивните тркала, кои најверојатно нема да се најдат на сериската верзија.
Под хаубата се наоѓа 1.4-литарски „TSI“ четирицилиндарски мотор кој може да користи бензин или природен гас.
Од „Škoda“ тврдат дека концептот „Vision C“ троши 3.4kg природен гас по километар и емитува 91g/km „CO2“, a се претпоставува дека ќе биде изработен на платформата „MQB“ на „Folkswagen“ која се наоѓа и во „Golf“, „A3“, „Oktavia“ и новиот „Seat Leon“.
Повеќе информации за овој концепт можеме да очекуваме за време на саемот во Женева.