23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ официјално доделена наградата „Автомобил на годината“ во Македонија

И официјално доделена наградата „Автомобил на годината“ во Македонија

vlez

Шкода Октавиа не престанува да воодушевува!

Во пријатна атмосфера и во присуство на голем број пријатели, гости и претставници на медиумите синоќа во ноќниот клуб „Станица 26“,  Порше Македoнија и официјално за автомобилот Шкода Октавиа го доби признанието „Автомобил на годината“. Наградата ја примија генералниот Директор на Порше Македoнија г. Златко Муцунски, и бренд менаџерот за Шкода, г. Миле Станчев, кои некриејќи го своето задоволство од добиеното признание, особено поради фактот што стручното жири и покрај силната конкуренција едногласно ја избра Шкода Октавиа, имаа кратки обраќања пред присутните каде и двајцата задоволно изјавија дека Шкода Октавиа тоа навистина  го заслужува.

kolagodina6

Националното стручно жири составено од Агрон Сулејман-претседател, Горан Антевски, Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ и Томислав Биљарац пред присутните ги истакнаа критериумите по кој беше направен изборот, во кој конкурираа Мазда 3, Мерцедес ЦЛА, Митсубиши Спејс Стар, Пежо 308, Пежо 2008 и Сузуки С-Крос. Ова е  19-ти пат како се доделува наградата, а Шкода Октавија по втор пат ја добива оваа престижна титула. “Анализиравме повеќе аспекти, како безбедност, комфорт, перфоманси, технички детаљи, моќност и перфоманси на моторите, потрошувачка на гориво, дизајн, еколошки стандарди, соодносот квалитет/цена, и токму Шкода Октавиа се најде на врвот. Иако конкуренцијата беше силна, немавме дилеми, оваа година Шкода Октавиа е автомобил на годината во Македонија”, изјавија од стручното жири.

kolagodina4

„Благодарен сум, а воедно и среќен за наградата со која ова година  се закити Шкода Октавиа. Сметам дека сосема заслужено стручното жири својот избор и го довери токму на третата генерација на оваа убавица. Таа обединува повеќе аспекти, дизајн, квалитет, безбедност и иновативни технолошки решенија. Не е случајно што во Македонија се има продадено близу 2000 автомобили, доволен доказ дека клиентите знаат да ги препознаат вистинските вредности“, изјави Златко Муцунски,  Генерален Директор на Порше Македонија.

kolagodina1

“Октавија е срцето на брендот Шкода и во новата веќе трета генерација ги задржува добро препознатливите каракеристики на брендот – бескомпромисен квалитет, неспоредлива пространост, одлична удобност и легендарна издржливост. Овие карактеристики во новиот модел на Шкода Октавија се дополнително надградени со фасцинантниот и прецизен дизајн и низата на најнапредни технололошки решенија – да ги споменеме само екомоничните и моќни TSi и TDi мотори, автоматските 7 степени DSG менувачи, можноста за погон на сите тркала, врвната безбедност истакната преку 9 воздушни перничиња, детекторот за замор на возачот и адаптивниот темпомат со радар. Сите овие елементи зедно допринесуваат искуството на возење на новата Шкода Октавија да биде фасцинантно секој ден”, изјави Миле Станчев бренд менаџер за Шкода.

kolagodina3

Атрактивна и економична, третата генерација на Октавија е најпопуларниот модел од брендот Шкода кој овозможува удобно, безбедно и практично патување. Таа нуди уште поголем простор и комфорно место за пет лица, како и најголем багажник во класата со волумен од импресивни 590 литри. Автомобилот може да се пофали со значително зголемена безбедност и  19 проценти помала потрошувачка на гориво,  што  претставува  одлична заштеда, особено при долгите патувања. Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија , нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото, но и многу други корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно. Секако тука е и непобедливиот сооднос квалитет / цена.

oficijalna-skoda

 

kolagodina2

 

kolagodina7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП