28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBoeing го претстави својот смартфон наменет за специјалните служби

Boeing го претстави својот смартфон наменет за специјалните служби

boeing black

Компанијата „Boeing“ го претстави „самоуништувачкиот“ смартфон „Black“, кој е наменет за специјалните служби, соопшти „Reuters“.

Оваа информација беше откриена од документите кои беа поднесени од страна на производителот на авиони до Федерално биро, кое е задолжено за телекомуникациите во САД.

Уредот е во состојба да кодира повици, а при секој обид за отворање на куќиштето на „Boeing Black“ сите податоци се уништуваат и смартфонот ќе престане да работи. Овој телефон е произведен во САД, а по своите димензии тој е малку поголем од „iPhone“ на „Apple“.

Смартфонот работи со оперативниот систем „Android“ и подржува две „SIM“ картички во мрежите „WCDMA“, „GSM“ и „LTE“. За развојот на овој уред на компанијата и биле потребни 36 месеци.

Компанијата одби да ја соопшти цената по која ќе се продава уредот и на кој датум ќе излезе на пазарот, но соопшти дека веќе почнале да го нудат на потенцијалните купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП