23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКомплетирано семејството Polo за 2014-та (фото)

Комплетирано семејството Polo за 2014-та (фото)

p olo

Откако на крајот на јануари ни го претставија стандардниот редизајниран модел „Polo“, „Volkswagen“ ги објави техничките податоци и фотографии од другите верзии на овој модел за 2014-та година.

Па така „VW CrossPolo“ сега е опремен со редизајнирани 17-инчни алуминиумски бандажи, додека внатрешноста е опремена со нови дизајни од ткаенина.

Променет е изгледот на воланот, рачката на менувачот, како и рачната сопирачка.

p olo1

Кога станува збор за штедливиот модел „Polo TSI BlueMotion“, него ќе го придвижува трицилиндарски 1.0-литарски турбо-бензинец со 90 ks (66 kW) чија просечна потрошувачка според фабричките податоци изнесува 4,1 l/100 km.

„Volkswagen Polo TDI BlueMotion“ под хаубата ќе има трицилиндарски 1.4-литарски турбо-дизел мотор кој произведува 75 ks (55 kW). Од германскиот производител тврдат дека овој автомобил на 100 km во просек троши само 3,1 литри гориво.

Спортскиот имиџ на моделот „Polo BlueGT“ е нагласен со 15 mm пониската суспензија и 17-инчните алуминиумски бандажи. За погонот е задолжен четирицилиндарскиот 1.4-литарски бензинец со директно вбризгување, кој испорачува 150 ks (110 kW), што претставува зголемување од 10 „коња“ во однос на актуелната верзија на овој автомобил.

p olo2

Со вградувањето на системот за деактивација на цилиндрите постигната е поголема економичност. Во „Volkswagen“ велат дека „Polo BlueGT“ сега просечно троши 4,8 l/100 km во верзијата со стандарден шестбрзински мануелен менувач.

Германскиот производител најави и нов „R-Line“ изборен пакет и ги потврди плановите за „Plug-In“ хибридната верзија, како и за „Polo“ кој за гориво ќе може да користи компримиран природен гас. Овие два модели се очекуваат за во 2015-та година.

p olo3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП