9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry ќе претстави два нови смартфони во текот на годината

BlackBerry ќе претстави два нови смартфони во текот на годината

bb novi smart

„BlackBerry“ го задржува својот интерес кон мобилниот пазар. За оваа година компанијата предвидела два нови мобилни телефони, изјави нејзиниот извршен директор Џон Чен, за време на „Mobile World Congress 2014“, цитиран од онлајн изданието „Re/Code“.

Првиот модел ќе се продава под трговското име „Z3“. Тој е со голем екран на допир без тастатура. Продажбата ќе започне во април прво во Индонезија, а потоа и во други земји. Цената на уредот ќе биде под 200 долари за „3G“ верзијата. Модификацијата со „LTE“ ќе се појави малку подоцна, но нејзината цена останува непозната.

Вториот модел ќе се вика „Q20“. Тој ќе има и традиционална хардверска тастатура и „trackpad“. Уредите ќе ги произведува „Foxconn“, но засега Чен не открива повеќе детали.

Тој додава дека „BlackBerry“ работи и по неколку уреди од повисока ценовна класа.

„Засега не можам да ви споделам детали за нив“, додава Чен.

Тој признава дека компанијата не планира да развива и нуди паметни додатоци како белегзии и часовници, барем не во оваа фаза. Компанијата ќе продолжи да се фокусира на безбедноста на уредите.

Чен го коментираше и договорот меѓу „Facebook“ и „WhatsApp“ од минатата недела. Сподели дека ако добие понуда за 19 милијарди долари за апликацијата „BBM“, би ја прифатил. Сепак, разликата е во тоа што „BBM“ има околу 85 милиони активни корисници, а „WhatsApp“ над 465 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП