29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG го откри смартфонот од средна класа F70

LG го откри смартфонот од средна класа F70

lg-f70

„LG“ пред Светскиот Мобилен Конгрес ги најави претстојните уреди, „G2 Мini“ и новото семејство на смарфони, „L Series III“.

Меѓутоа, ова компанија имаше што да покаже и во Барселона, а тоа е уште еден модел од средната класа – „F70“. Станува збор за паметен телефон кој го одликува 4,5- инчен „IPS“ екран со резолуција од 480 x 800 пиксели, како и платформата „Android 4.4.2 KitKat“.

„LG F70“ исто така е смартфон кој ќе има корист од иновативните функции, како што се „KnockON“, a која им овозможува на корисниците да го пробудат уредот од „sleep“ режимот со двојно притискање на екранот.

Кога е во прашање останатиот хардвер, треба да се каже дека овој модел има „1,2 GHz quad-core Qualcomm Snapdragon 400“ процесор, 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија со слот за „microSD“ картичка, камера од 5 мегапиксели, како и батерија од 2440 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП