5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC One прогласен за најдобар смартфон

HTC One прогласен за најдобар смартфон

nagrada htc one

Водечкиот уред на компанијата „HTC“, „HTC One“, е прогласен за најдобар паметен телефон во рамките на манифестацијата „Global Mobile Award“, а со тоа е потврден врвниот дизајн, како и водечкото место на компанијата во областа на иновациите.

За оваа награда гласа одбор кои се состои од преку 175 независни експерти од индустријата, врз основа на информациите кои доаѓаат од медиумите и од аналитичарите, а наградата дава признание на паметниот телефон за кој судиите веруваат дека е апсолутно најдобар во целата индустрија.

Една година откога беше претставен, „HTC One“ и натаму е во прв план во индустријата на мобилни уреди и поставува стандарди со помош на иновациите како што се, „HTC BlinkFeed“, „HTC BoomSound“, „UltraPixel“ камерите и алуминиумското куќиште. Сето тоа допринесува за револуција во искуството на корисниците ширум светот, кога се во прашање паметните телефони.

Питер Чоу, директорот на компанијата „HTC“, ја прими наградата изјавувајќи: „Премногу сме горди што „HTC One“ и натаму е препознат и признат како паметен телефон кој ги подигнува стандардите со својот елегантен дизајн, како и супериорните аудио карактеристики и импресивната функционалност. „HTC One“ доби уште една меѓународна награда, што покажува дека уредот го подигна искуството во користењето на мобилните телефони на повисоко ниво, а со тоа продолжи да ја одвојува компанијата од конкурентите“.

„HTC One“ и минатата година освои награда во рамките на „Global Mobile Award“, и тоа за „Најдобар нов телефон, уред или таблет“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП