27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar XFR-S Sportbrake

Jaguar XFR-S Sportbrake

jaguar dolg

Јaguar ги објави техничките детали и фотографии од спортскиот караван со кој ќе се обидат да им се спротивстват на моделите како што се „Audi RS6 Avant“ и „Mercedes E63 AMG Estate“.

„Jaguar XFR-S Sportbrake“ ќе го превземе 5.0-литарскиот V8 мотор со компресор од лимузината „XFR-S“. Тоа значи дека автомобилот ќе располага со 550 ks (405 kW) и 680 Nm максимален вртежен момент.

Моторот е поврзан со осумстепениот автоматски менувач „Quickshift“, кој се користи во „Jaguar F-Type“, a автомобилот е во состојба од мирување до „стотка“ да забрза за 4.8 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 300 km/h.

jaguar dolg1

За „XFR-S Sportbrake“ безбедно да застане се погрижија кочниците со вентилирани дискови со пречник од 380 mm, напред и 376 mm позади.

Aвтомобилот е поставен на специјални 20-инчни алуминиумски тркала, кои исто така се превземени од лимузинската верзија на овој автомобил.

„Jaguar XFR-S Sportbrake“ ќе има премиера во Женева, а во продажба ќе се појави во април. Почетната цена во Велика Британија ќе изнесува 82.495 фунти (околу 100.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП