6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC претстави два смартфони од средна класа

HTC претстави два смартфони од средна класа

htc sredna klasa

HTC станува уште еден производител кој го зголемува фокусот на уредите од просечната ценовна класа. За време на „Mobile World Congress 2014“, компанијата претстави два нови модели, кои се насочуваат токму кон овој сегмент на пазарот.

Тоа се моделите „Desire 816“ и „Desire 610“. Визуелно двата уреди имаат минимални разлики со исклучок на димензиите. Тие користат „Android“ за својот оперативен систем и тоа верзијата „4.4 KitKat“.

Според „HTC“, „Desire 816“ е нивниот предводник во сегментот. Уредот е опремен со 5.5-инчен „HD 720p“ екран, „Qualcomm Snapdragon 400“ процесор со 1.6 GHz, 1,5 GB RAM меморија. Смартфонот нуди уште „BoomSound“, „BlinkFeed“ и интерфејсот „Sense 5.5“.

Моделот има 8GB вградена меморија со слот за „microSD“ картички. На задниот дел има 13 MP камера, а на предниот од 5 MP. Уредот користи 2600mAh батерија и ќе започне да се продава во април, но засега не е објавен цената.

Другиот модел „Desire 610“, нуди малку повеќе скромни карактеристики. Неговиот екран е 4,7 инчен со „qHD“ резолуција. Употребениот процесор е „Qualcomm Snapdragon 400“ со 1.2GHz, а оперативната меморија е 1GB. Главната камера е 8MP, а оваа на предниот панел е од 1.3 МР. Батеријата на „Desire 610“ е со капацитет од 2040 mAh. Овој модел се очекува на пазарот во Европа во месец мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП