28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT Freemont Cross дебитира во Женева

FIAT Freemont Cross дебитира во Женева

fiat freemont cross

Новата верзија на „Pandа 4×4“ не е единствениот крос модел на „FIAT“ кој ќе има премиера на женевскиот саем. На штандот на италијанскиот производител ќе се најде и моделот „Freemont Cross“.

Во однос на стандардната верзија на моделот „Freemont“, „Сross“ верзијата визуелно се разликува по целосно новите предни и задни браници со детали во бојата „Platinum Chrome“, предната црна украсна маска со висок сјај, 19-инчните „Hyper Black“ алуминиумски фелни и украсната хромирана лајсна која се протега долж прагот на возилото.

„FIAT Freemont Cross“ нуди и екслузивен ентерирер со нови кожни седишта. Како стандарден дел од опремата на располагање е сателитскиот навигациски систем „Uconnect“ уред со 8,4-инчен екран чувствителен на допир, странична камера за паркирање, премиум аудио систем на „Alpinа“ со шест звучници, засилувач од 368W и „сабвуфер“.

Во опремата меѓу останатото спаѓа и електрично греење и поклопување на ретровизорите, шест воздушни перничиња, далечинско за отклучување и стартување без класичен клуч, копче за стартување и аудио контрола на воланот.

Сопствениците на моделот „Freemont Cross“ можат да го прилагодуваат ентериерот по своја желба, благодарејќи на 32-те конфигурации на седишта. Автомобилот има и повеќе од 20 места за складирање на работи и ситници, распоредени по целата кабина, со вкупен капацитет од 140 литри.

fiat freemont cross1

Со склопување на вториот и третиот ред на седишта се добива зафатнина од приближно 1.5 кубни метри.

„Freemont Cross“ е достапен со 2.0-литарски „MultiJet II“ дизел мотор со 140 KS. Моторот е поврзан со шестбрзински мануелен менувач, а снагата се пренесува на предните тркала.

Истиот дволитарски дизел мотор се нуди и во верзија со 170 ks. Покрај мануелниот менувач и предниот погон, на располагање е верзија со погон на сите четири тркала и автоматска трансмисија.

Исто како и моделот „FIAT Panda Cross“, и „Freemont Cross“ ќе се најде во продажните салони во текот на есента оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП