2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan GT-R доби Cabrio верзија

Nissan GT-R доби Cabrio верзија

cabrio nissan

Компанијата „Newport Convertible Engineering“ од Калифорнија, која се занимава со трансформација на сериските модели во кабриолети, го претстави моделот „Nissan GT-R“ со отворен покрив.

Независната компанија која во кабриолет верзии ги претвори автомобилите како „Porsche Cayenne“, „Range Rover“ или „Toyotа Prius“, се посвети на еден од најпопуларните спортски модели на денешницата.

cabrio nissan1

Тие на купувачите им нудат три „топлес“ верзии на моделот „GT-R“.

Првиот модел нема видлив „рол-бар“ зад седиштата, другиот има два „рол-бара“ поставени веднаш зад возачкото и сувозачкото седиште, додека кај третиот заштитните елементи во случај на превртување на автомобилот, вградени се два конусни елементи на задниот дел на каросеријата.

cabrio nissan2

Кај сите варијатни е вграден платнен покрив кој по расклопувањето се става во задниот дел од автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП