17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТри нови смартфони од Lenovo

Три нови смартфони од Lenovo

novi lenovo

„Lenovo“ на „Mobile World Congress“ ги претстви паметните телефони кои на пазарот доаѓаат под имињата „S860“, „S850“ и „S660“.

Најскапиот модел воедно има и најголема ознака – „S860“, т.e. најголем капацитет на батерија кој изнесува 4000 mAh и кој може да овозможи дури до 43 часа разговор по пат во 2G мрежата, односно 24 часа разговор во 3G мрежата. Ако производителот не претера со спецификациите, уредот помеѓу двете полнења во „stand-by“ може да издржи и до 40 дена!

novi lenovo1

„S860“ има 5,3-инчен „IPS“ екран со резолуција од 720×1280 пиксели, т.е. густина од 277 ppi, a може да прикаже и 16 милиони бои. Овој уред работи на процесорот со четири јадра „Mediatek MT6582“ со такт од 1,3 Ghz, а располага со 2 GB работна меморија и 16 GB интерна меморија. За жал, „Lenovo“ не овозможи проширување на просторот за складирање на податоци по пат на дополнителна „Micro SD“ картичка. Стандарно вградени се две камери од кои задната има резолуција од 8MP, додека предната располага со 1.5 MP.

Моделот „S850“ има 5.0-инчен „IPS“ екран со резолуција од 720×1280 пиксели, т.е. нешто поголема густина во однос на моделот „S860“. Процесорот и количината на интерната меморија се идентични како и кај претходниот модел, а најголемата разлика е видлива во вградените камери и количината на работната меморија.

novi lenovo2

Додека „Lenovo“ се одлучи овој модел да го опреми со задна камера од 13 MP, т.e. предна од 5 MP, од само за нив позната причина, овој модел има само 1 GB работна меморија. Исто така, и вградената батерија е со двојно намален капацитет (2000 mAh), но и со неа можете да добиете пристојни 336 часа во „ѕtand-by“, односно 13 часа разговор. Посебноста на овој модел во однос на другите е видлива и од материјалите од кои е изработено куќиштето – стакло.

Најмалиот модел доаѓа со ознаката „S660“, затоа и што има најмал „IPS“ екран од 4.7-инчи и најмала резолуција (540×960 пискели) и густина (234 ppi). И овој модел има ист „Mediatek“ процесор, како и другите два модели, но и можност за проширување на интерната меморија (8 GB) по пат на „Micro SD“ картичка (32 GB). Задната камера е од 8 MP, a предната е со „VGA“ резолуција. Количината на работната меморија е иста како и кај моделот „S850“, т.е. 1 GB.
novi lenovo3

Батеријата доаѓа со капацитет од 3000 mAh, што е доволно за 10 часа разговор во 2G мрежата, односно само 7 часа по пат на 3G мрежата.

Сите три уреди се со „Dual SIM“, ја поддржуваат 4G мрежата и доаѓаат со старата верзија на „Android“ оперативниот систем – „Jelly Bean“ во верзијата 4.2.2. Овие смартфони ќе се појават на пазарот во текот на јуни по цена од 349 долари за „S860“, 249 долари за „S850“ и 229 долари за моделот „S660“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП