2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey Venom GT е неофицијално најбрзиот автомобил (видео)

Hennessey Venom GT е неофицијално најбрзиот автомобил (видео)

henesi brz

Супер-спортскиот автомобил „Venom GT“ ја постигна брзината од 435,31 km/h во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, со што и неофицијално стана најбрзиот сериски автомобил кој може легално да се вози на јавните патишта.

Иако со тоа го надмина својот најголем ривал, „Bugatti Veyron Super Sport“, кој во 2010-та на патеката во близина на Фолфсбург забележа резултат од 431,072 km/h, сепак рекордот не е официјален.

„Venom GT“ ја постигна рекордната брзина возејќи само во еден правец, а за да биде резултатот важечки Гинисов светски рекорд, потребно е автомобилот да го повтори возењето на истата патека, но во спротивната насока, по што ќе се смета најголемата брзина од двете возења.

Покрај тоа, „Venom GT“ не исполнува други критериум, а тоа е бројот на произведени примероци. За да може некој модел официјално да конкурира за најбрз сериски автомобил, потребно е да бидат изработени најмалку 30 единици, додека „Hennessey“ досега произведе само 29 примероци.

Погледнете како изгледаше рекордното возење:

„Hennessey Venom GT“ е заснован на моделот „Lotus Elise/Exige“, a наместо агрегатот на „Lotus“, го придвижува 7.0-литарски „V8 twin-turbo“ мотор кој може да развие 1.262 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП