17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го „отпакува“ Galaxy S5

Samsung го „отпакува“ Galaxy S5

J.K. Shin

За време на својата прес-конференција „Unpacked5“, „Samsung“ го претстави својот нов предводник „Galaxy S5“. Новиот паметен телефон се одликува со бројни промени, макар и тие да не се особено сериозни.

На изглед уредот е поголем, а дизајнот потсетува на „Galaxy S4“, но со малку правоаголна форма. Задниот панел ќе биде достапен во различни бои, но повторно е пластичен, како што е и целата обвивка на телефонот.

Во опремата на уредот има инфраред, „microUSB“ порта со поклопец и сензори за отпечатоци и следење на срцевиот ритам. Екранот на смартфонот е 5.1-инчен, наспроти 5 -инчниот на својот претходник. Резолуцијата е „Full HD“, а користената технологија на матрицата е „AMOLED“.

„Galaxy S5“ тежи 145 грама и има димензии 142х72.5х8.1мм. Уредот е отпорен на вода и прашина, а може да издржи 30 минути во околу еден метар вода.

Употребениот процесор е „Qualcomm Snapdragon 800“ со 4 јадра и 2GB RAM меморија. На грбот на „Galaxy S5“ има 16 MP камера, а на предниот панел има 2MP. Камерата има дополнителни опции како брз автофокус, „HDR“ режим и друго. Батеријата е со капацитет од 2800 mAh, а има и режим за „ултра“ складирање на енергија.

Интерфејсот на „TouchWiz“ е надграден и поедноставен. Тој ја следи целокупната нова филозофија на „Samsung“ за максимално поедноставување на уредите. Оперативниот систем е „Android 4.4 KitKat“, која ги има сите карактеристики на оригиналната нејзината верзија, како и можностите на „Galaxy S4“.

Смартфонот располага со „LTE“, „NFC“, „WiFi“, „Bluetooth“, „IR“ и мноштво на други технологии. Меѓу нив е и сензор за отпечатоци. Тој е вграден во „Home“ копчето и може да има профили на три лица. „Samsung“ има и партнерство со „PayPal“, дозволувајќи вршење на платен промет со скенирање на отпечатоци од прсти.

„Samsung Galaxy S5“ ќе се појави на пазарот на 11-ти април, а за почеток ќе биде достапен во над 100 земји. Од компанијата засега не ја соопштија цената по која овој уред ќе се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП