27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКомпјутерите до 2029 година ќе бидат попаметни од луѓето

Компјутерите до 2029 година ќе бидат попаметни од луѓето

h

Експертот за вештачка интелигенција во компанијата „Гугл“, Реј Курцвајл предвидува дека до 2029 година компјутерите ќе бидат попаметни од луѓето.

Претприемачот и футуролог веќе предвиде дека во следните 15 години компјутерите ќе бидат се поинтелигентни и ќе можат да разбираат што зборуваме, да учат од искуствата, да се шегуваат, да раскажуваат приказни, па дури и да флертуваат.

Курцвајл (66) се смета за еден од водечките светски експерти за вештачка интелигенција, а меѓу технолозите е популаризирана неговата идеја „сингуларитет“ – момент во иднината кога луѓето и машините ќе бидат една целина.

„Гугл“ го вработи Курцвајл во 2012 година со цел да работи на следниот проект на компанијата – пребарувач кој користи вештачка интелигенција и не познава подобро од самите себе.

Неговите предвидувања се само дел од претходните најави дека „Гугл“ создава најголема лабораторија на вештачка интелигенција во светот.

Компанијата купила неколку компании кои се занимаваат со „подучување“ на машини и производство на роботи, вклучувајќи ја и „Бостон Дајнамикс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП