2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp воведува и повици

WhatsApp воведува и повици

Facebook WhatsApp

Најголемиот светски сервис за размена на пораки, „WhatsApp“, кој од пред некој ден е во сопственост на „Facebook“, ќе им овозможи на своите корисници во вториот квартал од оваа година да можат да извршуваат и повици, најави денеска извршниот директор, Јан Коум

„WhatsApp“ е во центарот на „IT“ јавноста од моментот кога беше објавено дека компанијата на Марк Цукербег подготвила вртоглави 19 милијарди долари за новата аквизиција, а информацијата дека 450 милиони корисници ќе можат да користат и гласовна комуникација, ќе биде доволна така да остане уште некое време.

Овој потег секако ќе ги загрижи операторите на мобилната телефонија, на кои „IM“ сервисите од „џеб“ им ги извадија планираните милиони од „SMS“ пораките.

„Нашата мисија е многу луѓе да останат во контакт било каде и тоа да им биде многу прифатливо. Наша цел е да бидеме на секој телефон во светот“, изјави Коум на „MWC“ во Барселона.

Коум најави дека влегувањето на „Facebook“ во приказната нема да го помести „WhatsApp“ од зацртаниот пат да достигне милијарда корисици и да не воведува реклами во својот сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП