18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните на Nokia од серијата Х

Смартфоните на Nokia од серијата Х

nokia android x model

„Nokia“ за „Mobile World Congress“ во Барселона подготви низа новитети кои би требало во целост дај ја пополнат понудата на евтини уреди. Извршниот директор во заминување, Стивен Елоп ги претстави првите модели „Nokia X“, „X+“ и „XL“ со „Android“, но и останатите чиј спектар на цени започнува од 29 евра.

„Се повеќе луѓе купуваат уреди кои чинат околу стотина евра“, наведе Елоп претствувајќи ги моделите „Nokia X“ и „Nokia X+“. Станува збор за 4-инчни уреди кои според дизајнот многу потсетуваат на најпродаваниот модел „Lumia 520“ со „Windows Phone“, но со нешто поразличен хардвер.

Моделите „X/X+“ работат на „Android (Open Source Project) 4.1.2“, a „Nokia“ истакнува дека наместо „cloud“ сервисот на „Google“, тие го користат на „Microsoft“. Дури и од софтверска страна (посебно корисничкиот интерфејс) превземени се елементи кои се познати со платформата „Windows Phone“, што би требало воедно да ја изедначи сликата која компанијата ја обликува кон купувачите. Моделите „Nokia X“ се сместени токму помеѓу линиите на мобилни уреди, „Asha“ и „Lumia“.

Наместо пристап до апликациите за „Google Play“, компанијата ја разви „Nokia Store“. Поддржан е и „Yandex“, но за него потребно е посебно да се овозможи инсталација за „Android“. Моделите „X“ и „X+“ ќе чинат од 89 и 99 евра. Во сите модели се вклучени „Skype“ и останатите „задолжителни“ апликации, исто како и споменатата поврзаност со сервисите на „Nokiа“ и „Microsoft“, но треба да се напомене дека не е најавен пакетот апликација за „Office“.

Што се однесува до хардверските карактеристики, станува збор за 4-инчни „IPS LCD“ екрани, процесори содве јадра „Snapdragon S4“ (MSM8225) со 1GHz, a разликата помеѓу моделот „X“ и „X+“ е поврзана со нешто поголемата работна меморија (512/768MB), како и дополнителниот „microSD“ oд 4GB.

Потоа беше претставен и третиот „Х“ уред со „Android“, „Nokia XL“ е тежок 190 грама. Станува збор за смартфон со дијагонала на екранот од пет инчи со резолуција „WVGA“ (800×480) и дополнителна предна камера од 2-мегапиксели. Задната камера е малку помоќна од кај малите модели (5MP). Со претставувањето на овие мобилни телефони, компанијата сака да ја прошири понудата, а цената на моделот „XL“ e 109 eвра и се очекува во продажба да се најде на почетокот на вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП