4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen C1 зa 2014-та година

Citroen C1 зa 2014-та година

citroen c1 1

Познати се првите детали и фотографии од новиот „Citroen C1“, пред неговата премиера која е закажана за женевскиот авто-саем.

По „Peugeot 108“, претставен е и неговиот сроден автомобил од компанијата „PSA“, новиот „C1“. Како и кај претходната генерација на најмалите модели на марките „Peugeot“ и „Citroen“, и овие две возила се развиени заедно, а се разликуваат во стилските детали.

citroen c1 2

Новиот „C1“ има значително поагресивен преден дел во однос на претходникот, а тоа што ги иритира некои луѓе и што некои им пречи, е необичната конфигурација на предната светлосна група.

„Citroen“ продолжи да го применува решението со одвоените светла, како на новиот „C4 Picasso“ или моделот „C4 Cactus“. Сепак, според решението со фаровите, „C1“ поради комбинацијата на кружни и повеќеаголни светла, најмногу личи на моделот „Nissan Juke“.

citroen c1 3

Дизајнот на остатокот на автомобилот во најголема мера наликува на „108“.

Новиот „C1“ е долг 3,46 m и широк 1,62 m, со маса од 840 kg, колку што е тежок и „Peugeot 108“. Автомобилот ќе биде достапен во верзии со 3 и 5 врати, но и варијанта со платнен покрив, кој ќе ја има ознаката „Airscape“.

И „Citroen“, исто како и „Peugeot“, сакаше до саемот во Женева да ја сочува внатрешноста од погледите на јавноста, па така не се објавени фотографиите од ентериреот, а се очекува стилот и бојата во кабината да го следат дизајнот на надворешноста.

citroen c1 4

На купувачите ќе им биде достапен и мултимедијален седум инчен екран чувствителен на допир со „Mirror Screen“ технологија со помош на која по пат на дисплејот ќе се има пристап до апликациите на смартфоните.

Од друга страна, во понудата ќе биде камера за возење во рикверц, помош при движење на возилото по нагорнина и отклучување на возилото и стартување на моторот без употребата на класичен клуч.

citroen c1 5

Деталите за моторите не се соопштени, но во „Citroen“ велат дека „C1“ ќе ја има на располагање новата генерација на бензински мотори, што допринесува овој автомобил да биде меѓу најдобрите во класата, нормално кога станува збор за ниската потрошувачка на гориво и малата СО2 емисија.

Меѓу нив ќе биде и трицилиндарскиот 1.0-литарски „e-VTi“ со 69 ks (51 kW), кој „Peugeot“ го претстави во својот модел.

Покрај моделот „Peugeot 108“ и новиот „C1“, на претстојниот авто-саем во Женева премиера ќе има и новиот „Toyota Aygo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП