27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ја најави премиерата на новиот Focus

Ford ја најави премиерата на новиот Focus

new ford focus

На само неколку дена пред официјалната презентација, „Ford“ ги објави фотографиите и спецификациите на редизајнираниот „Focus“ зa 2014-та година. Новите мотори, освежениот изглед на надоврешноста и внатрешноста на моделот, официјално ќе бидат прикажани на авто-саемот во Женева.

Третата генерација на моделот „Focus“ ќе добие нов изглед на предниот дел, кој е во склад со новиот имиџ на „Ford“. Новата форма на фаровите, маската на ладилникот и новиот браник би требало да го направат „Focus“ да им биде уште попривлечен на купувачите.

new ford focus1

Останатиот дел од автомобилот во суштина ќе биде непроменет, несметајќи ги малите промени на дизајнот на задниот браник и стоп-светлата.

Промените во кабината, исто така не се големи. Централната конзола е редизајнирана, ќе има помали копчиња за да изгледа попрегледна. На врвот на конзолата ќе се наоѓа централен дисплеј со поголеми димензии отколку претходно, кој најверојатно ќе биде дел од списокот на дополнителна опрема.

new ford focus2

На постоечката понуда на мотори ќе и се придружат нов бензински и дизел мотори, двата со зафатнина од 1.5 литри. Бензинската единица ќе биде достапна со 150 ks (110 kW) и 180 ks (132 kW), додека дизел верзија на располагање ќе има агрегати со 95 ks (70 kW) и 120 ks (88 kW).

Актуелните мотори ќе бидат повторно изработени се со цел да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.

new ford focus3

Најмоќниот модел „ST“ ќе биде редизајниран на ист начин, но како што соопштуваат од „Ford“, ќе изгледа поагресивно од актуелниот „ST“. Ќе го придвижува ист 2.0-литарски „eco-boost“ мотор кој развива 250 ks и 360 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП