17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMozilla најавува смартфон од 25 долари

Mozilla најавува смартфон од 25 долари

mozilla-kuendigt

„Mozilla“ претстави прототип на смартфон во вредност од 25 долари, кој е наменет за земјите во развој, соопштува „БиБиСи“.

Компанијата, која е позната по прелистувачот „Firefox“, развива телефон со кинеската компанија „Spreadtrum“. Иако и да не е со параметри како на скапите телефони, овој паметен телефон ќе може да користи апликации и мобилен интернет.

Идните телефони на „Mozilla“, кои претставуваат транзиција помеѓу смартфоните и обичните телефони, имаат голема таргет група. Овој вид телефони е многу популарен во земјите во развој како транзиција помеѓу обичните телефони, со кои може да се прават само повици и да се праќаат пораки, и смартфоните.

Евтините паметни телефони најверојатно ќе им се допаднат и на потрошувачите во развиените земји, особено на оние кои ги исплаќаат скапи уреди како мобилните телефони на „Apple“ или „Samsung Galaxy“.

Телефонот го има оперативниот систем на „Mozilla“. Освен смартфонот за 25 долари, компанијата ќе претстави и неколку високотехнолошки уреди на марките „Нuawei“ и „ZTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП