3 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSiri добива сериозен конкурент од Yahoo

Siri добива сериозен конкурент од Yahoo

Marissa Mayer

Персоналниот асистент на „Apple“ – „Siri“ наскоро би можел да добие сериозна конкуренција.

„Yahoo“ се обидува да го персонализира користењето на смартфони и неодамна на Универзитетот „Карнеги Мелон“ му одобри грант од 10 милиони долари за да успеат да им помогнат на компјутерите да ги разберат потребите и желбите на корисникот, многу повеќе детално, па дури и да му поставуваат прашања.

Ова партнерство наречено „Project InMind“, ќе трае 5 години и на истаражувачите ќе им даде можност да користат голема база на податоци која ја поседува „Yahoo“.

Колегите од „Yahoo“ ќе развиваат и тестираат програми кои ќе се обидат да го разберат и предвидат човековото однесување.

Овој договор исто така вклучува и развивање на „природното процесуирање на зборовите“, кое ќе им овозможи на корисниците да комуницираат со своите смартфони.

Ова партнерство е резултат на серијата потези на Извршната директорка, Мариса Мајер да го забрза развојот на мобилните производи, кои го пресонализираат корисничкото искуство базирано на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар