4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУметничко дело од карбон: Lotus C-01

Уметничко дело од карбон: Lotus C-01

lotusc01superbike2

Пред една година, „Lotus“ најави лансирање на целосно нов проект, а денеска имаме можност да уживаме во првите официјални фотографии на вистинското уметничко дело од карбон, мотоциклот „Lotus C-01“.

„Lotus“ целото свое знаење стекнато на трките со четрири тркала го пренесе во соработка со „Holzer“ и „Kodewa“, a финалниот производ е вистинско ремек дело чија импресивна форма во целост е подредена со функционалноста со импресивни перформанси.

lotusc01superbike1

„V-twin“ агрегатот од 1.195 кубика произведува 200KS кои на задното тркало се пренесуваат со помош на шестстепен менувач и хидраулично квачило.

Превртената вилушка, двојните амортизери, рамка направена од челик, карбон и титаниум, двојни предни диск кочници и една задна сопирачка, го формираат овој пакет со високи перформанси.

Нормално, ваквите уметнички дела не се лесно достапни и само 100 примероци ќе бидат изработени, а засега постојат само прототипови.

lotusc01superbike3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП