2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC го лансира паметниот часовник Google Now

HTC го лансира паметниот часовник Google Now

htc-smart-sat23

„HTC“ за оваа година подготвува три преносни уреди, а прототипот од едниот веќе следната недела ќе биде претставен  на „Mobile World Congress“ (MWC). Уредот ќе биде базиран на паметниот часовник на „Qualcomm“ – „Toq“ и ќе користи „Marisol“ екран, кој оваа компанија го разви. Овој модел ќе поседува и „bluetooth“ за поврзување, како и музички плеер.

Другите два уреди кои „HTC“ ги подготвува ќе бидат малку поразлични. Станува збор за нараквица на која ќе може да се пушта музика, како и паметен часовник кој ќе биде базиран на сервисот „Google Now“. Oвој уред веројатно ќе поддржува гласовни команди, со оглед дека тоа е дел од сервисот „Google Now“.

„Паметниот часовник „Google Now“ би требало да се појави за неколку месеци“, изјави еден од инсајдерите за „Wall Street Journal“ уште во октомври, но тој не откри кој ќе го произведува. Иако е за очекување дека „Google“ прв ќе направи ваков уред, засега нема никакви информации во врска со тоа, така да можно е приказните да се вистинити и дека „HTC“ ќе биде задолжен за овој уред.

Во последно време „HTC“ забележа голем пад во профитот, но оваа компанија во преносните уреди гледа можност повторно да го зголеми профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП