9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer со евтини Android уреди ќе се пробива на пазарот

Acer со евтини Android уреди ќе се пробива на пазарот

Liquid_E3_black_home_06

„Acer“ пред „Mobile World Congress“ во Барселона, одлучи да ги претстави своите новитети во линијата на паметни телефони со „Android“. Двата уреди припаѓаат во нискиот/средниот сегмент, кој во однос на оној највисокиот се повеќе добива на популарност. Моделот „Liquid E3“ носи и новитет – преден блиц за совршени „selfie“ фотографии.

„Acer Liquid Z4“ е компактен четири инчен смартфон со цена од само 99 евра. Уредот е со дебелина од 9,7 mm и куќиште од 130 грама, внатре се крие двојадрен процесор со работен такт од 1,3GHz, 4 GB интерна меморија со можност за проширување, како и камера од 5 MP. Екранот е со „TFT“ технологија, но засега не е позната резолуцијата. Од софтверска страна, покрај додатоците на „Acer“, основата ја чини „Android“ во верзијата 4.2.2, a но не е познато дали овој уред ќе доживее надоградба на „4.4 KitKat“.

„Acer Liquid E3“ има нешто помоќни компоненти, со соодветна цена од 199 евра. Тој износ треба да се плати за 4.7-инчен 720p екран со „IPS“ технологија,четиријадрен процесор со работен такт од 1,2GHz, т.е. 1 GB работна меморија. Задната камера е со 13 MP, a предната со 2 MP со „LED“ блиц. За овој уред компанијата вети „Android 4.4 KitKat“, но во април месец ќе се појави во продавниците со верзијата 4.2.2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП