20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle прави смартфон кој го гледа светот исто како човекот (видео)

Google прави смартфон кој го гледа светот исто како човекот (видео)

google tri d telefon

Во изминатава година тим од инженери на „Google“ имаат развиено паметен телефон од новата генерација, кој ќе се обиде уште повеќе да ги доближи технологијата и човекот. „Project Tango“ веќе е во фаза на прототип и смартфонот наскоро ќе биде пратен до креаторите на апликации за да го запознаат и да почнат да програмираат софтвер за него.

Смартфонот користи хардвер и софтвер, кои се развиени специјално за него. Во уредот се вградени и повеќе сензори, преку кои тој може околната средина да ја скенира во тродимензионален изглед, со помош на вградената камера.

Сензорите прават над 250 илјади скенирања во секунда, а во реално време генерира 3D модел на средината околу корисникот. Со помош на дополнителен софтвер, корисникот може да ја направи околната средина поле за играње и да проба како би се вклопуваат различен мебел и друго.

Телефонот ќе може да отсликува и дополнителни информации, како што правите при патување кон дадена адреса или да создава 3D модели и карти на внатрешноста на зградите, така што корисникот нема да се загуби. Преку создавање на 3D модели на ентериерот смартфонот ќе може да се користи и од луѓе со оштетен вид, кои ќе се потпираат на уредот додека се движат, како и каде точно се наоѓа даден предмет.

За сега компанијата има 200 прототипи на смартфонот. Дел од овие уреди ќе бидат одвоени за програмерите кои сепак ќе мора да го одбијат уредот во своевиден натпревар на официјалниот сајт на „Project Tango“. Таму тие треба да напишат што би создале со смартфонот и ако тоа му се допадна на „Google“, ќе добијат мобилен телефон и потребниот софтвер.

Интернет гигантот објави дека ќе ги испрати уредите до 14-ти март годинава. Од компанијата не прецизира кога смартфонот ќе се понуди на пазарот. За сега основната идеја на проектот е да биде развиен доволно хардверски и софтверски, а уште повеќе информации за него може да се очекуваат за време на конференцијата „Google I/O“ во почетокот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП