26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.02.2014

Дневен хороскоп 21.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои работи ќе станат нејасни, затоа чувајте се од ненадејни загуби. Главниот совет на денот за вас би бил да престанете тврдоглаво да одите по својот пат бидејќи удирате со глава во ѕид, оставете ги другите да ја направат првата дупка, бидете трпеливи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес на сцена би можеле да излезат некои нови пријатели, нови ставови и нови цели. Некои случувања ќе ве поттикнат на менување на некои одлуки и правци. Ова најверојатно е позитивен развој на настаните па за вас тоа ќе биде многу возбудливо, но веднаш ќе морате да направите некои промени. Со оглед на тоа дека сте ментално многу силни, не би требало да имате проблеми.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот може да ви донесе доста непогодности и конфликти на деловен план, посебно ако претпоставените ви се женски личности и посебно ако истите имаат проблеми во приватниот живот. Освен тоа можни се возбудувања и емотивни неспокојства, изблици на незадоволство од партнерскиот однос, особено по завршувањето на деловниот дел од денот, кога очекувате малку релаксација, смирување со партнерот од кого очекувате разбирање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не треба да се вклучувате во сите разговори кои се водат околу вас. Воздржете се од тоа да ги искажувате своите ставови со нагласен тон ако не сте сигурни во вашето знаење. Може да западнете во многу непријатна ситуација.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе мислите на бизнис и на тоа како да ги зголемите своите приходи. Во главата ќе ви се вртат многу идеи и повеќето ќе ви изгледаат профитабилни. Но, потребно е барем засега да го намалите ентузијазмот и да оставите работите да „легнат“ пред да го направите првиот чекор. Вечерта не дозволувајте се уште да бидете опседнати со работа. Пријателите чекаат на вас и на вашите шеги и досетки.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некои желби на другите ќе ви бидат поголем предизвик и приоритет. Останете концентрирани и фокусирани за да научите повеќе. Денес ќе ги анализирате одново и одново работите кои поминале и ќе се подготвувате за нови активности. Можно е да ви биде побаран совет или услуга.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Повеќе сте насочени кон филозофските анализи отколку кон рутинските активности. Енергијата ви е на стабилно ниво. Потрдудете се да ги решите важните задачи сега. Не ги одложувајте бидејќи така само ќе ги комплицирате. Послушајте го советот од партнерот или пријателите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес не заборавајте дека две глави се поумни од една. Наместо да се обидувате сами да ги решите дилемите пред кои сте исправени, побарајте помош од ваш близок. На тој начин побрзо ќе се ослободите од товарот кој го носите на грб. Ќе сакате да ги забавувате вашите пријатели, па не е исклучено да направите домашна забава со интересни коктели и мали специјалитети.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете нетрпеливи и склони да избрзувате. Сепак, колку и да копнеете работите да се случуваат со огромна брзина, подобро е да го забавите темпото на живот и да се движите со мали, сигурни чекори. Ќе сретнете интересна личност со нестандардни размислувања која ќе ви ги отвори очите за многу нешта на кои досега не сте им обрнувале внимание.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не се воздржувајте и повлекувајте малку поризични потези. Планетите ви се наклонети, па најверојатно сe ќе завршува како што посакувате. Ако сте со статус сингл, држете ги очите отворени. Во вашиот видик ќе се појави личност која веќе долго време се обидува да ви каже дека има љубовни чувства кон вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП