27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвите Ubuntu телефони ќе се појават до крајот на 2014-та

Првите Ubuntu телефони ќе се појават до крајот на 2014-та

ubuntu telefoni kraj

Марк Шатлворт, извршниот директор на „Canonical“, потврди дека првиот паметен телефон со нивниот оперативен систем „Ubuntu“ ќе се појави на пазарот до крајот на оваа година.

Уредот би требало да го произведуваат шпанскиот „BQ“ и кинески „Meizu“. „Meizu“ има 600 сопствени продавници во Кина, Хонг Конг, Израел, Русија и Украина, додека „BQ“ е втората најголема компанија во Шпанија по бројот на продадени паметни телефони.

„Canonical“ ќе соработува со споменатите компании во изработка на првите комерцијални „Ubuntu“ уреди. Спецификациите на идните уреди се уште не се познати, освен тоа што уредот „Meizu“ покрај мобилниот „Ubuntu“, ќе работи и на оперативниот систем „Android“.

Освен со произвоидтелите на уредите, „Canonical“ оствари соработка и со телекомуникациските оператори. Шеснаесет оператори од различни земји се собраат во советодавната група „Ubuntu Carrier Advisory Group“, а со тоа ја изразија својата поддршка за идните „Ubuntu“ уреди. Меѓу споменатите оператори се истакнуваат: „Vodafone“, „EE“, американски „T-Mobile“, „Three Group“, „Deutsche Telekom“, „Verizon“, „Telstra“ и португалски телеком (PT).

Исто така, „Canonical“ оствари соработка и со некои од популарните сериси, како што се „Evernote“, „GrooveShark“ и „The Weather Channel“, кои своите апликации и услуги ќе ги понудат во мобилната средина на „Ubuntu“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП