5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus PadFone Infinity Lite

Asus PadFone Infinity Lite

asus telefon tablet

Новиот уред од серијата на „Asus“ – „PadFone“ се нарекува „PadFone Infinity Lite“, т.е. во однос на оргиналниот модел има нешто послаб „SoC“, и постара верзија на оперативниот систем.

Верзијата „Lite“ наместо „Snapdragon 800 SoC“, работи на четиријадрен „Snapdragon 600 SoC“ на кој работниот такт изнесува 1,7 Ghz. Исто така, наместо оперативниот систем „Android“ во верзијата 4.2.2, „Lite“ е опремен со старата „4.1.“ верзија на „Android“.

Другите компоненти во уредот се исти како и кај оргиналот. 5-инчен екран со резолуција од 1920×1080 пиксели, 2 GB RAM, 32 GB интерна меморија и камера од 13 MP. „Asus“ и овој модел одлучи да го опреми со батерија со капацитет од 2400 mAh. И додека „Asus“ во овој модел вгради нешто послаби компоненти, додатокот со помош на кој телефонот се претвора во таблет, остана ист (10,1-инчен екран со резолуција од 1920×1080 пиксели и батерија од 5000 mAh).

Засега е познато дека „PadFone Infinity Lite“ ќе се појави на тајванскиот паазр во март месец по цена од 463 долари. Во случај доколку сакате телефонот да го корисите како таблет, за додатокот мора да се доплатат дополнителни 230 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП