27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG официјално го претстави смартфонот G2 Mini

LG официјално го претстави смартфонот G2 Mini

lg g 2 mini

Компанијата „LG“ и официјално ја најави намалената верзија на нивниот топ-модел, паметниот телефон „G2“. „LG G2 Mini“ ќе има 4.7-инчен „IPS LCD“ екран со 960 x 540 пиксели (QHD резолуција, 234 ppi).

Што се однесува до вградениот чип, станува збор за „Snapdragon 400“, истиот кој е вграден во пристапниот смартфон „Motorola Moto G“. Процесорот е со четири јадра на такт од 1,2 GHz.

Уредот поседува 1 GB работна меморија, т.е. 8 GB интегрирана меморија за чување на податоци со поддршка за „microSD“ картичка. Задната камера има 8-мегапиксели, а предната 1,3-мегапиксели. Вградената батерија има моќ од 2440 mAh.

Оперативниот систем ќе биде најновиот „Android 4.4 KitKat“. „LG G2 Mini“ во продажба ќе се појави најпрво на рускиот пазар, а потоа и на Блискиот Исток, Европа, Јужна Америка и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП