2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДесет занимливости кои можеби не сте ги знаеле за Твитер

Десет занимливости кои можеби не сте ги знаеле за Твитер

twitter-followers

10. Поради еден лажен твит од минатата година своевремено за секунда се продадени акции во вредност од 130 милијарди долари. Во спорниот твит било наведено дека претседателот Барак Обама сериозно е повреден при
експлозија во Белата куќа.

9. Првиот објавен твит потекнува од 2006 година. Негов автор е Џек Дорси, еден од коосновачите на мрежата, кој едноставно напишал: во моментов го подесувам својот твитер. Твитер инаку било едно од првите имиња наменети за оваа мрежа, а во игра дури било и името Френдсталкер.

8. Во 2009 година Даниел Најт Хајдин стана прво лице кое кривично одговарало поради твитување. Тој сакал да покрене војна против владата на САД и покрај тоа се заканувал дека на полицајци ќе сече глави.

7. Хаштагот – #Nowthatchersdead излажа многумина да помислат дека пеачката Шер починала (Now that Cher’s dead). Меѓутоа, хаштагот се однесувал на смртта на познатата британска премиерка Маргарет Тачер (Now Thatcher’s Dead). Слична забуна се случила и при промоцијата на албумот на Сузан Бојл, кога нејзиниот тим напишал хаштаг #Susanalbumparty. (Mногумина наместо Susan Album Party, хаштагот го протолкувале како Sus Anal Bum Party).

6. Биле потребни рамно три години, два месеца и еден ден за да се соберат првите милијарда твитови. Денес над милијарда твитови се пишуваат секои 48 часа.

5. Твитер може да предвиди појава на грип и слични епидемии и начинот на нивното ширење, тврди студијата која анализираше 167.995 твитови. Твитовите кои зборуваат за болести во оваа студија биле користени за да се согледа појава на грип, и тоа била успешна постапка во 9 од 11 американски градови кои биле дел од истражувањето.

4. Твитер моментално вреди околу 30 милијарди долари. Сепак, оваа мрежа никогаш не била непосредно профитабилна како што се очекувало, а во 2013 година забележа загуба од 645 милиони долари.

3. Многумина користат Твитер со цел за бесплатна промоција, но и за заработка. Раперот 50 Сент така заработил пет милиони долари откако ги охрабрил своите симпатизери да купат акции на компанијата H&H Imports. Секако, дел од компанијата H&H Imports бил во сопственост на 50 Сент.

2. Секој трет корисник на интернет во Саудиска Арабија активно користи Твитер. Тој процент од 33 отсто стана светски рекорд. За споредба, во САД тој процент на интернет корисници кои користат Твитер изнесува 11 отсто.
1. Холандската порно глумица Боби Еден вети дека јавно сексуално ќе ги задоволи сите 100.000 твитерџии кои ја следат, ако Холандија во 2010 година победи во финалето на Светското првенство во фудбал. За жал на многу нејзини фанови што ја следат на твитер, Холандија во самото финале од првенството изгуби од Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП