19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа игра вреди повеќе од Twitter! (видео)

Оваа игра вреди повеќе од Twitter! (видео)

candy

Акциите на компанијата „King Digital Entertainment“, која стои зад популарната игра „Candy Crush Saga“, наскоро ќе се појават на првата јавна понуда. Компанијата откри некои интересни податоци за оваа игра.

„Candy Crush Saga“ во декември имала 93 милиони корисници дневно. Во еден ден корисниците ја играле повеќе од милијарда пати.

Играта во декември на компанијата и донесе приход од неверојатни 450 милиони долари, што е двојно повеќе отколку „Twitter“.

„Веруваме дека играта е нашиот најдобар производ до денеска и една од најинтерактивните забавни франшизи на сите времиња“, рекоа од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП