26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Gear 2 ќе работи на Tizen OS, наместо на Android OS

Galaxy Gear 2 ќе работи на Tizen OS, наместо на Android OS

samsung galaxy gear 2

Eден од најинтересните уреди кои „Samsung“ ќе ги претстават на манифестацијата „MWC 2014“, која започнува за само неколку дена, е втора генерација на паметниот часовник „Galaxy Gear“.

Новиот уред се очекува да отстрани некои од најголемите недостатоци на својот претходник, како краткиот живот на батеријата, чудниот изглед и недоволно интуитивниот интерфејс. Последните податоци на „USAToday“ откриваат дека компанијата ќе се заложи на интересна стратегија во промоција на „Galaxy Gear 2“.

Причината е дека според нив новиот уред ќе работи со „Tizen OS“, наместо со „Android OS“, како што беше со првата верзија на часовникот. Така „Samsung“ се надева да ја намали зависноста од „Google“ во оваа пазарна низа, која допрва ќе се зголемува во наредните месеци. „Galaxy Gear 2“ ќе работи со специјална „HTML 5“ верзија на оперативниот систем кој се очекува да го привлече вниманието и на повеќе веб програмери, кои ќе треба да креираат апликации за него.

Засега не располагаме со никакви други податоци за техничките спецификации на претстојниот паметен часовник на корејскиот гигант. Шоуто во Барселона официјално започнува на 24-ти февруари и тогаш ќе дознаеме повеќе детали за подобрувањата, кои не чекаат во „Galaxy Gear 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП