27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева пристигнува Audi S3 Cabrio

Во Женева пристигнува Audi S3 Cabrio

audi s3 cabrio

Како и секоја година, пред саемот за автомобили во Женева, секој ден имаме можност да видиме по некој новитет кој светска премиера ќе има во Швајцарија. Таков е случајот и со новиот кабриолет на „Audi“, моделот „S3“, кој по претставувањето, во продажните салони во Европа ќе пристигне во текот на летото. Срцето на автомобилот го сочинува 2.0-литарски „TSFI“ четирицилиндарски мотор со турбо полнење со 300KS и 380Nm вртежен момент.

Во стандардната опрема е вклучен шестстепен „S-troniс“ менувач со двојно квачило, кој на „S3“ му помага до „стотка“ да стигне за 5.4 секунди. Иако овие бројки велат дека автомобилот е малку побавен од седан везијата „S3“, тоа е цената која морате да ја платите за отворениот покрив.

audi s3 cabrio1

Според фабричките податоци, потрошувачката на гориво изнесува 7.1l/100km, што е сосема добра ако се има во предвид погонот на сите четири тркала.

Се очекува овој модел на „Audi“ во Германија да се продава со почетна цена која ќе изнесува 48.500 евра.

audi s3 cabrio2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП