4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавенa новaта Toyota Aygo

Најавенa новaта Toyota Aygo

toyota aygo111

„Peugeot“ веќе ги објави фотографиите и деталите за својот нов најмал модел „108“ (наследник на досегашниот „107“), па сега останува своите мали возила да ги претстават „Citroen“ (новиот „C1“) и „Toyota“ (новиот „Aygo“).

Само за потсетување, „Peugeot 107“ / „Citroen C1“ / „Toyota Aygo“ се автомобили кои се направени во соработка на француската групација „PSA“ и јапонската „Toyotа“, додека производството се одвиваше во „TPCA“ фабриката во Чешка.

Како и „Peugeot 108“ и новиот „Citroen C1“, и „Toyota Aygo II“ своите подобрувања во однос на сегашната генерација ќе ги насочат пред се на полетот на квалитетот на ентериерот (со нешто поголема пространост и зафатнина на багажникот) и нивото на безбедност, а автомобилот ќе биде нешто подолг од се уште актуелниот модел.

„Aygo II“ покрај модерниот изглед (според изгледот на новите модели на оваа марка) ќе добие и модернизиран 1.0-литарски бензински мотор (останува да се види дали во понудата ќе има уште некој мотор), ќе биде достапен во верзии со 3 и 5 врати, но повеќе детали тек следуваат, затоа што премиерата е најавена во почетокот на март на авто-саемот во Женева. До тогаш, тука е и единствената слика која го покажува предниот дел на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП