29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Гугл“ сака лозинките да станат минато

„Гугл“ сака лозинките да станат минато

goggl

Компанијата „Гугл“ купи стартап, кој би можел да го измени начинот на кој се пријавуваме на сајтовите и да го замени користењето на лозинки.

Компанијата „СликЛогин“, со седиште во Израел, работи на развој на систем кој би пуштал единствен звук, нечуен за луѓето.

Апликацијата на телефонот на корисникот би го примила тој звук и потоа назад би испратила сигнал кој го потврдува идентитетот на корисникот, употребувајќи ГПС локација, Ви-Фи, НФЦ и Блутут како верификација.

Во пракса тоа би значело дека е потребно само да се притисне копче, да се приближи телефонот до компјутерот и ќе биде внесена единствената шифра.

„Гугл“, кој е заинтересиран за овој производ, верува дека пристапот би требал да биде лесен, а не фрустрирачки.

Доколку се оди според планот, „Гугл“ наскоро би можел за своите услуги да овозможи користење на оваа технологија, но веројатно во прашање ќе биде алтернативен начин на пријавување, а не главен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП