6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој кого го копираше? (фото)

Кој кого го копираше? (фото)

kopija koli

Кога два модели на различни производители очигледно наликуваат еден на друг, обвиненијата одат на сметка на оној чиј автомобил е подоцна претставен. Но што ако двете возила се развивани паралелно и прикажани на јавноста во речиси истовреме?

Кога на пазарот ќе се појави некој модел на автомобил, главно сите прво го коментираат неговиот изглед, дали ни се допаѓа или не.

kopija koli2

Потоа следат забелешките за сличноста со други модели кои веќе се присутни на пазарот.

Неодамна „BMW“ го претстави својот нов модел, „Seriеѕ 2 ActiveTourer“. Покрај тоа што отвора ново поглавје во историјата на компанијата, како прв сериски „BMW“ модел со преден погон, „ActiveTourer“ многумина ги потсети на слични модели на други производители.

kopija koli21

Споредбата со „Mercedes B сlasѕ“ е неминовна, меѓу другото, затоа што двете возила припаѓаат во класата на премиум модели.

Што се однесува до самиот изглед на автомобилот, тој најмногу потсетува на последната генерација на моделот „Kia Carens“. Ако се знае дека тоа возило е претставено уште во септември 2012-та, може да се претпостави дека „BMW“ при дизајнирањето на „ActiveTourer“ се угледа на корејскиот производител.

Меѓутоа, „BMW“ концептната верзија на својот „MPV“ модел ја прикажа скоро во истовреме кога новиот „Carens“ имаше премиера на саемот за автомобили во Париз 2012-та.

kopija koli1

Врз основа на тоа, може да се заклучи дека двата производители своите автомобили ги развивале во ист временски период. Па тогаш, кој од кого ги „позајмил“ идеите за дизајнот?

Факт е дека многу од современите автомобили меѓусебно личат премногу. Меѓутоа, би било неправедно веднаш да се обвини било кој од производителите дека го шпиунира другиот.

kopija koli12

Еден од можните одговори, зошто некои модели од ист автомобилски сегмент толку многу личат, е тоа што се соочени со слични проектни задачи, па инженерите и дизајнерите доаѓаат до слични решенија.

Интересно е тоа дека „BMW“ и „Kia“ и претходно се споменувани во сличен контекст. На корејскиот производител му беше замерено дека неговите луксузни лимузини, „Quoris“ (K9 / K9000) и „Cadenza“ (K7), најмногу потсетуваат на соодветните седани на „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП