28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar го почасти Мурињо со најмоќната верзија на F-Type

Jaguar го почасти Мурињо со најмоќната верзија на F-Type

mourinho jaguar

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, стана глобален амбасадор на моделот „Jaguar F-Type“, a воедно и првиот сопственик на купе верзијата на овој автомобил во Велика Британија.

На прес-конференцијата за новинарите, на Мурињо му беа врачени клучевите од најмоќната варијанта, „F-Type R“, која е придвижувана од 5.0-литарски V8 мотор со компресор. Агрегатот е во состојба да произведе 550 ks (404,5 kW) и 680 Nm максимален вртежен момент.

„Моите фудалери ќе ми бидат љубоморни кога ќе го видат ова возило, со оглед дека имам во план да го возам кога ќе одам на тренинг“, изјави познатиот тренер и горд сопственик на најновиот спортски „Jaguar“.

Моделот кој го доби од производителот во Британија има почетна цена од 85.000 фунти (103.600 eвра), додека основната верзија на моделот „F-Type Coupe“ е опремена со 3.0-литарски V6 мотор со компресор, кој испорачува 340 ks (250 kW) и 450 Nm максимален вртежен момент, а чини од 52.000 фунти (63.400 eвра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП