2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна продажбата на е Golf VII

Започна продажбата на е Golf VII

vw-e-golf-05

Електричната верзија на „Golf VII“ е веќе во продажба на територијата на Германија, објави „Volkswagen“.

Возилото се нуди со електромотор со максимална моќност од 115 КС, а со едно полнење на батеријата може да помине до 130 километри.

Цените на „e – Golf“ почнуваат од 34.900 евра, а може да нараснат значително во зависност од нарачаните негови додатоци.

Од германската компанија проценуваат дека при сегашните цени на електричната енергија во Германија, цената за 100 поминати километри изнесува околу 3,28 евра.

Благодарение на електричниот мотор, „е – Golf“ може да се забрза од мирување до 100 км/час за 10,4 секунди. Позначајна е вредноста од 0-60 км/час, која изнесува 4,2 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП