5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака ќе изгледа iPhаblet?

Вака ќе изгледа iPhаblet?

iphablett

Сони Дикинсон е најголемиот кошмар на „Apple“. Тој е тинејџер од Австралија, кој досега неколку пати успеа да ги открие плановите на компанијата и да ги обелодени. Тој ги објави првите фотографии на „iPhone 5s“ и „iPhone 5c“, многу пред тие да бидат официјално претставени.

Сега Дикинсон на интернет објави нови слики за кои се претпоставува дека се од првите прототипи на „iPhone 6“ – најочекуваниот уред во 2014-та година. Од прикажаните фотографии станува јасно дека најпопуларниот телефон во светот ќе има нов дизајн, а големината на екранот навистина ќе се зголеми уште и ќе достигне 4.7 инчи кај „iPhone 6“ и 5.5 инчи кај првиот фаблет на „Apple“, кој популарно веќе сите го нарекуваат „iPhаblet“.

Фотографиите се уште официјално не се потврдени од страна на „Apple“.

Во исто време стана јасно дека „Apple“ е во крајна фаза на подготовка на новата верзија на оперативниот систем „iOs 7.1“, со која треба да се надминат сите досегашни проблеми во функционалноста на „iPhone“ и i„Pad“. „iOs 7.1“ ја достигна петтата бета – фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП