6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker продаден на кинеска групација

Fisker продаден на кинеска групација

fisker prod

Според најновите информации, банкротираната компнија „Fisker Automotive“ ја купи кинеската групација „Wanxiang“ зa 149,2 милиони долари.

Иако кон крајот на 2013-та се појави веста дека „Fisker Automotive“ ќе биде продадена на компанијата „Hybrid Tech Holdings“, која понудила 25 милиони долари, сепак до тоа не дојде. Наместо директна продажба, беше организирана аукција во која по 19 кругови наддавање, „Wanxiang“ го победи „Hybrid Tech Holdings“.

„Wanxiang“ и претходно се споменуваше како можен купувач на „Fisker“. Oваа кинеска групација во 2012-та стана сопственик на исто така банкротираната компанија „A123“, која дотогаш го снабдуваше „Fisker“ со батерии за хибридниот погонски систем. Откако „A123“ банкротираше, „Fisker“ беше принуден да го прекине производството на својот единствен модел, спортската лимузина „Karma“.

Поради неможноста и натаму да произведува и продава автомобили, компанијата не беше во можност да го отплаќа заемот кој го доби од државата за развој на „зелената“ технологија.

Одлуката за продажбата на „Fisker“ би требало да биде официјално потврдена на 18-ти февруари од страна на судијата кој е задолжен за компанијата, откако беше прогласен банкрот.

Останува да се види дали новиот сопственик, кој сега ја поседува комплетната технологија и ресурси за изработка на моделот Karma, ќе го обнови производството на овој специфичен автомобил и дали ќе продолжи со развојот на другите, претходно најавени возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП