27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВидете во која земја iPhone 5s е најскап

Видете во која земја iPhone 5s е најскап

apple brazil

Во текот на викендот „Apple“ ја отвори својата прва продавница во Бразил. Пред вратите имаше редица од околу 1.700 нетрпеливи граѓани.

Продавницата се наоѓа во Рио де Жанеиро и веќе постави рекорд – таму се продава најскапиот „iPhpne 5s“. Моделот без договор се продава за 2.799 бразилски реали или 1.174 долари. За споредба – во САД телефонот чини 649 долари, во Кина – 872 долари, а во Италија 996 долари.

Секако, не сите пари од него одат директно кај „Apple“. Голем дел од сумата се должи на даноците и давачките, иако не е познато колку точно. Бразил е 15-тата земја каде „Apple“ има свои продавници. Таа е и во топ 10 по користење на смартфони – 50 милиони претплатници уживаат во своите „паметни“ телефони, според податоци од крајот на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП