„Office“ зa „iPad“ пристигнува, но се уште не е познато кога точно. Според последните информации, тоа би можело да се случи до јуни.
Развојот на верзијата за „iPad“ на овој канцелариски пакет е најверојатно во напредна фаза. Ако информациите за временското лансирање се покажат како точни, тоа ќе значи дека „Office“ зa „iPad“ ќе се појави пред „Office“ зa „Windows 8“ кој е прилагоден за управување со допир.
Раководството на компанијата предводено од Стив Балмер, неодамна даде зелено светло за лансирање на апликацијата за „iPad“ веднаш штом ќе биде подготвена, назависно од верзијата за „Windows 8“.
Се претпоставува дека „Office“ зa „iPad“ ќе бара претплата на „Office 365“, a зa складирање на податоците ќе се користи „OneDrive“.