4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФергусон ги открива осумте тајни за градење на успехот од нула

Фергусон ги открива осумте тајни за градење на успехот од нула

ferdzi

Кога Алекс Фергусон стана менаџер на Манчестер Јунајтед во 1986-та година, клубот немаше освоено титулата 20 години. Тој помина шест сезони во градење на тимот од нула и ја освои првата титула во 1993-та. До пензионирањето во 2013-та година, тој освои 13 титули во првенството и изгради тим кој сега вреди повеќе од 2,3 милијарди евра.

1. Почнете од темел.

Фергусон прво доведе млади играчи и направи млад тим кој ќе може да се оддржи со години, а ги одби ветераните кои би му донеле краткорочен успех.

2. Осмелете се повторно да изградите свој тим.

Поради тоа што не стравуваше од отказ, тој донесе одлуки засновани на можниот изглед на тимот за четири години. Тој сметаше дека секој тим треба да се озвежи на секои четири години.

3. Поставете високи стандарди и држете се до истите.

Постои анегдота како неговите високи стандарди станаа заразни: „Некогаш прв станував наутро. Подоцна, многумина од моите вработени веќе беа таму кога ќе пристигнев во седум часот наутро. Мислам дека разбраа зошто доаѓав порано, знаеа дека работата мора да биде завршена“.

4. Никогаш не ја препуштајте контролата.

Морате да се ослободите од вработените (читај- Дејвид Бекам) кои создаваат раздор и се обидуваат да дофатат дел од вашата моќ, дури иако станува збор за најдобриот играч на светот. Не се грижете дали вработените ќе ве сакаат.

5. Одговорете на пораките со време.

Не постои општо правило кога менаџерот треба да ги критикува играчите, а кога да ги охрабрува. Контекстот на ситуациите ја одредуваат најдобрата порака која треба да се испрати до тимот.

6. Подгответе се за победа.

Тука станува збор за превземање на ризикот. Доколку губите со 2-1, подобро е да внесете офанзивен играч и да загубите со 3-1, отколку да играте конзервативно и да загубите со 2-1.

7. Потпрете се на моќта на набљудување.

Повеќето луѓе не го разбираат во целост значењето за набљудување на секој играч посебно.

8. Никогаш не престанувајте со прилагодувањето.

Промените може да се контролираат со прифаќање на истите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП