20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦената на Златото и Среброто повторно ќе расте!?

Цената на Златото и Среброто повторно ќе расте!?

gold_silver_bars

Најомилени финансиски деривати за тргување кај долгорочните инвеститори и трговци се благородните метали како Златото и Среброто, метали каде што цената низ историјата расте или паѓа на долгорочен период и затоа има можност од реализирање на милионски заработки доколку цената на овие метали се купи или продаде во вистински момент.

За среќа денес преку форекс брокерите, може виртуелно да се купи или продаде Златото и Среброто и да се реализираат големи профити при разликата на цената, доколку правилно се анализира на техничка и фундаментална основа и се реализираат купопродажни налози во приближно точно време и цена. Уште поповолна прилика за реализирање на огромни профити е тоа што на Форекс пазарот може да извршувате купопродажни налози од вашатареална сметка за тргување, која е истовремено кредитирана со 50% од вашиот износ (на пример доколку износот на реалната сметка изнесува 10 000 американски долари, вие може да го контролирате пазарот со 500 000 долари) така да профитите кои може да ги остварите се 50 пати поголеми од профитот кој би го оствариле со физичката купопродажба на ове метали.

За една комплетна анализа е потребна голема концентрација со многу пресметки, длабоко анализирање на техничките формации на графиконите и севкупен збир на економските показатели, а токму во овај период анализиравме дека е многу веројатен понатамошен раст на цената на Златото и Среброто, кој по логика и се строго корелативни но со различна вредносна цена.

Во финансиските пазари постојат два типа на пазар, наречени “Risk On”  и “Risko Off”, а моментално пазарот е навлезен во фазата “Risk Off” каде секогаш ризичните валути како еврото,фунатата и резервните финансиски деривати како металите, нафтата, робата и слично се купуваат, а се продава американскиот долар.

Нашиот тим на аналитичари за наредниот период ви подготви техничка анализа и предвидување за движењето на цената на Златото и Среброто во долари по унца, каде доколку се оствари во потполност, може да реализирате супериорна “Зделка” со огромни профити.

 

Графички приказ за Злато на неделни периоди:

goldweek

Цената на Златото на поголем временски период достигнува најниска цена од 1180,00, при што формира еден корективен бран и повторно ја посетува поддршката на 1180,00 од каде по втор пат се одбива, а тоа го нарекуваме дупло дно (плавите кругови). При формирањето на дуплото дно исто така се формира и таканаречена формација “Divergence” или диверзија, која е позната како силна корективна формација, а цената денес се здобива со посилен нагорен моментум, точно така како резултат на големиот износ на куповните налози на институционалните трговци.

Во секој случај добиваме добар сентимент за понатамошен раст на цената на Златото, поддржан и од фундаменталните факти со нестабилноста на американската економија каде во последно време се објавуваат разнишани резултати и недоверба кај инвеститорите околу американскиот долар, а на финансиските пазари во случај на нестабилноста на доларот повеќето инвеститори преминуваат на купување на Злато и Сребро.

Доколку цената на Златото продолже да расте најверојатно ќе достигне цена од 1500,00 долари за унца, која е и една средишна реална цена според севкупното историско движење во последните 4-5 години.

 

Графички приказ за Сребро на неделни периоди:

silverweekly

Цената на Среброто слично како и на Златото формира дупло дно на цена 18,70 со иста диверзиска формација, а доколку во наредните неколку недели се задржи над тоа ниво, веројатно ќе достигне средна цена на 50% калкулирано од највисоката до најниската цена или 34,00 долари.

Наш совет е сепак внимателно со контролиран ризик да се купува, бидејки размерите во кој се движат цените на овие два метала се огромни и при евентуален мал пад на цената може да се сносат загуби по вашиот капитал доколку располагате со помалку средства. За тргување на металите сепак се потребни поголеми средства (препорака над 10 000 долари) и максимално контролиран риск-менаџмент, со големина на куповни налози не поголеми од 0,1 лот, и да се ризикува максимум 20% од севкупниот капитал при евентуална погрешна анализа.

Доколку анализата се исполнува и цената почне да расте вие може дополнително да купувате и зголемувате профитот, каде што повеќе профитирате тоа повеќе ризикот се намалува!

Доколку немате искуство во тргувањето со електронските платформи и подредување на големините на трговските налози, може бесплатно да ја симнете платформата за тргување МТ4, и да отворете бесплатни виртуелни Демо Сметки, каде без никаков ризик може да ги научете вештините на тргувањето.

Нашиот тим е секогаш расположен за да ви пружи неопходна помош при едукацијата на сите потребни операции при тргувањето на форекс берзата!

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП