4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViber продаден за 900 милиони долари

Viber продаден за 900 милиони долари

viber pro

„Rakuten“, јапонскиот еквивалент на „Amazon“, влезе во бизнисот со мобилни комуникации. Компанијата го купи „Viber“ за 900 милиони долари.

„Viber“ беше една од првите апликации што им овозможи на корисниците на телефоните да одржуваат интернет телефонија преку мобилен интернет, обезбедени од страна на операторот. Апликацијата се прошири , а кон своите можности ја додаде функција за повик кон фиксните и мобилните линии.

Можно е новите сопственици да го користат „Viber“ за популаризација на други свои услуги.

Хироши Микитани, милијардерот кој стои зад „Rakuten“, планира да создаде и платформа за игри во „Viber“, а во иднина да го користи како главен додаток во е-трговијата, пренесуваат медиумите.

„Viber“ досега беше во сопственост на компанијата со седиште во Кипар, „Viber Media“ и беше достапен во 193 земји со преку 300 милиони активни корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП