27 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбјектив за подобра камера на вашиот iPhone (видео)

Објектив за подобра камера на вашиот iPhone (видео)

PR olloclip(tm) Combo 5

Ако имате „iPhone“, веројатно многу често го користите за фотографирање. Тоа е нормално, со оглед на тоа дека паметните телефони на „Apple“ се сметаат за фантастични за фотографирање.

Вградените објективи за „iPhone“ 4, 4s, 5 или 5s имаат свои ограничувања. Нив се обидува да ги надомести „Olloclip“, надворешниот објектив кој се монтира на смартфонот, а нуди четири опции кои може сериозно да го променат изгледот и чувството на вашите фотографии.

Пред три години компанијата имаше успешна кампања на „Кickstarter“, за која собраа четири пати повеќе средства од бараните 15.000 долари.

„Olloclip“ е мал уред и без проблем може да се смести во џебот или чантата. Има пластичен додаток за да можете да го закачите. Остатокот од него е направен од метал и стакло.

Се што треба да направите е да го закачите „Olloclip“ на мобилниот телефон. Нема потреба од дополнителни прилагодувања или подесувања. За промена на објективот ви требаат само неколку секунди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП