3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа само еден месец Lamborghini доби 700 нарачки за Huracan

За само еден месец Lamborghini доби 700 нарачки за Huracan

huracan-24

Од „Lamborghini“ соопштија дека за наследникот на моделот „Gallardo“ веќе постои голем интерес, иако официјалната премиера на овој автомобил е закажана за почетокот на март на саемот за автомобили во Женева.

За време на едномесечната „VIP“ презентација, многу од потенцијалнтите купувачи имаа можност во живо да го погледнат „Huracan“ и да се запознаат со неговите карактеристики, што допринесе околу 700 клиенти однапред да го нарачаат овој автомобил.

Потсетуваме, најновиот модел на „Lamborghini“ имаше интернет премиера на крајот на месец декември.

Автомобилот е опремен со 5.2-литарски „V10“ атмосферски мотор со 610 ks, кој е поврзан со седумстепен автоматски менувач со двојно квачило.

Од мирување до „стотка“„Huracan“ забрзува за само 3.2 секунди, а максималната брзина изнесува 325 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП