Шпанскиот производител на мобилни телефони, „Geeksphone“, го претстави својот досега најмоќен модел, кој на корисниците ќе им овозможи користење на оперативните системи „Android“ и „Mozillа-Boot2Gecko“ (Firefox OS).
„Geeksphone Revolution“ е темелен на 1.6 Ghz двојадрен процесор „Atom Z2560“, a користи и 4,7-инчен „IPS“ екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели. Тука е и 1GB работната меморија, 4GB просторот за складирање на податоците, слотот за MicroSD мемориска картичка со капацитет до 32 GB, 8-мегапикселна задна и 1,3-мегапикселна предна камера, акцелометар, електричен компас и батерија со капацитет од 2.000mAh.
Се очекува продажбата на овој смартфон да започне на 20-ти февруари, а според информациите цената на овој уред ќе изнесува 239 евра.