6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia го претстави смартфонот Lumia Icon (видео)

Nokia го претстави смартфонот Lumia Icon (видео)

nokia icon lumia

„Nokia“ по бројните протекувања на информации и официјално го претстави моделот „Lumia Icon“. Станува збор за уред наменет за американскиот пазар, а ќе се најде во понудата на американскиот мобилен оператор „Verizon“.

Според многумина, станува збор за идеален „Windows Phone“ уред кој ги нуди спецификациите на „Lumije 1520“, но во помало куќиште. Дијагоналата на екранот изнесува пет инчи, резолуцијата е од 1.920 x 1.080 пиксели, процесорот е „Qualcomm Snapdragon 800“ нa 2,2 GHz, a вградена е 2 GB работна меморија, т.е. 32 GB трајна флеш меморија. Камерата има резолуција од 20 мегапиксели и нуди оптичка стабилизација на сликата, додека вградената батерија е од 2.420 mAh.

Од егзотичните можности, тука се дури четирите микрофони, можноста за бежично полнење, т.е. екранот на допир кој функционира и за време на користењето на ракавици. Куќиштето на уредот е метално, а екранот е заштитен со „Gorilla Glass 3“.

Препорачаната продажна цена за американскиот пазар со двегодишен договор изнесува 200 долари. Нормално во план е претставување на уредот за европскиот и останатите пазар, а се очекува смартфонот да биде понуден до крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП