3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac се бори за дел од колачот на европскиот пазар

Cadillac се бори за дел од колачот на европскиот пазар

cadilac zeneva

Aмериканскиот производител на луксузни автомобили најави дека на женевскиот авто-саем на европската публика ќе и претстави два нови модели – „ATS Coupe“ и новата генерација на „SUV“ возилото „Escalade“.

Со лансирањето на овие два автомобили во Европа, „Cadillac“ ќе се обиде да привлече одреден број на купувачи кои досега се одлучувале за слични модели на европските премиум марки.

„Cadillac ATS Coupe“, кој имаше светска премиера на саемот во Детроит, треба да се најде во продажба на европскиот пазар оваа есен. Но тука ќе го очекува силна конкуренција во моделите како „Audi A5“ и „BMW Serieѕ 4 Coupe“.

Спецификациите за европската верзија не се соопштени, а под хаубата најверојатно ќе се најде 2.0-литарски четирицилиндарски мотор со 276 ks (203 kW).

Автомобилот стандардно ќе биде понуден со заден погон, додека погонот на сите четири тркала ќе биде понуден како опција.

cadilac zeneva1

Моделот „Escalade“ кој во продажните салони ќе пристигне кон крајот на 2014-та, ќе биде опремен со 6.2-литарски V8 мотор и ќе може да се купи исклучиво со погонот 4×4.

Моќта на погонскиот агрегат не е соопштена, а во Америка овој модел е достапен во верзија со 426 ks (313 kW) и максимален вртежен момент од 623 Nm.

Повеќе информации за овие два модели на „Cadillaс“ можеме да очекуваме по нивната европска премиера за време на одржувањето на саемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП